На насловната страница на утрешното издание на „Шпигел“ ќе биде објавена фотографија од украинскиот претседател Володимир Зеленски со порака: „Предаден. Прво Зеленски, а потоа ние? Радикално дистанцирање на САД од сојузниците“.
Украина се наоѓа во исклучително тежок дипломатски период, откако американскиот претседател Доналд Трамп стави крај на политичката изолација на рускиот претседател Владимир Путин, започна билатерални преговори со Москва и даде изјави во согласност со ставот на Кремљ за Украина.
Der Spiegel cover 👀🇺🇦 pic.twitter.com/hTV7osT0K2
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) February 21, 2025
Инаку, „Der Spiegel“ е еден од најпознатите и највлијателните германски неделници. Основан е во 1947 година и е познат по своето истражувачко новинарство, детални анализи и критички пристап кон политичките и социјалните прашања.
Неделникот покрива широк спектар на теми, вклучително и политика, економија, наука и култура и често разоткрива скандали и корупција. Покрај печатеното издание, Der Spiegel има и едно од најчитаните дигитални изданија во Германија.