Измамена кумановчанка: И се јавил лажен полицаец и ја известил дека синот прегазил дете

Макфакс

21/02/2025

16:12

486

Големина на фонт

а а а

Вчера во 16.30 часот во СВР Куманово, 78-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи и се како полициски службеник ја известило дека нејзините син и снаа предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле малолетно дете и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ги гонат кривично.

Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.