Израел се очекува утре да ослободи 602 палестински затвореници во замена за 6 заложници

Макфакс

21/02/2025

16:08

378

Големина на фонт

а а а

Израел се очекува утре да ослободи вкупно 602 палестински затвореници од израелските затвори откога палестинската милитантна група Хамас ослободи шест израелски заложници од Појасот Газа, соопшти денеска Канцеларијата за медиуми на палестинските затвореници (АСРА).

Во соопштението се наведува дека утре ќе бидат ослободени 50 палестински затвореници, кои беа осудени на доживотен затвор, 60 осудени на долги казни, 47, кои беа повторно уапсени откога беа ослободени во рамките на размената на затвореници во 2011 година, како и преостанатите 445 затвореници од Појасот Газа, кои беа уапсени по нападот на Хамас на југот на Израел на 7 октомври 2023 година, јави „Ал џезира“, пренесува „Танјуг“.

Размената на заложниците за палестинските затвореници се врши врз основа на трифазен договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, кој стапи во сила на 19 јануари.

Планирано е во првата фаза да бидат ослободени вкупно 33 заложници.