Барселона е клуб кој често продуцира квалитетни фудбалери од својата младинска академија, но дел од нив поради различни причини не оставаат свој печат во сениорска конкуренција.
Илаиш Мориба самиот е виновен за таквото сценарио, откако одбиваше да го продолжи договорот со каталонскиот клуб, па беше испратен во редовите на РБ Лајпциг.
Бундеслигашот го доби Мориба за 16 милиони евра, но не само што тој не успеа да се наметне во германскиот состав, туку сега е испратен на заем во неколку шпански клубови, а сега во редовите на Селта Виго.
– Погрешив со моето заминување од Барселона.
– Бев многу млад и под голем притисок. Во еден момент мислев дека ми заврши кариерата, но сега сум среќен во Селта, – изјавил Мориба.