Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека не ја исклучува можноста САД да се обидат да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина за време на преговорите за Украина.
„Не знаеме што сакаат САД. Ова го велам затоа што сум апсолутно навлезен во овие прашања. Не знаеме што ќе бараат од Русите за крај на војната и слично. Ми се чини дека сега ќе се обидат да ги свртат Русите против Кинезите“, рече Лукашенко, според неговата прес-служба.
Лукашенко порача дека Русите не смее да го дозволат тоа, пренесе „Интерфакс“.
Белорускиот претседател оцени дека на Белорусите ќе им биде тешко да се натпреваруваат економски со американските и европските компании доколку се постигне договор за нивно враќање на рускиот пазар, но посочи дека сите имаат потреба од прехранбени производи.
Кина изрази поддршка за иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување договор со Русија за ставање крај на војната во Украина за време на состанокот на Г20 во Јужна Африка, а сојузниците на САД застанаа на страната на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави „Ројтерс“.