Авиокомпаниите ја сменија рутата меѓу Австралија и Нов Зеланд, откако Кина ја извести Австралија дека морнарицата на Народноослободителната армија (PLA) ќе спроведе вежби со жив оган во близина на брегот на Нов Јужен Велс.
Австралискиот премиер Ентони Албанес им изјави на новинарите дека периодот на вежбите на кинеската морнарица завршил и дека не е јасно дали е употребен жив оган, пренесе Ројтерс.
„Како што налага практиката, Кина издаде известување дека ќе ги спроведе овие активности, вклучително и можна употреба на жив оган. Ова е надвор од економската зона на Австралија. Според извештајот на одбраната, немало непосредна закана за австралиските и новозеландските ресурси, поради што е објавено известувањето“, рече Албанес.
Toј нагласи дека вежбите биле на најмалку 370 километри од брегот.