[ВИДЕО] Канада ги победи САД во хокеј; Трудо: Не можете да ни ја земете земјата

Макфакс

21/02/2025

14:46

1.575

Големина на фонт

а а а

Канадскиот премиер Џастин Трудо ја коментираше победата на хокеарите на Канада над САД во финалето на турнирот 4 нации во НХЛ.

„Не можете да ја земете нашата земја и не можете да ја земете нашата игра“, напиша Трудо.

Коментарите на Трудо доаѓаат во време на тензии меѓу двете земји предизвикани од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој и се закани на Канада со царини, ги обвини дека ја искористуваат Америка и постојано повторува дека Канада треба да стане 51-та американска држава.

Последниот натпревар помеѓу Канада и САД во Торонто го одбележаа Канаѓаните кои ја исвиркаа американската химна, што беше повторено на неколку други натпревари во НБА и НХЛ.