Слот за најразочараниот играч во Ливерпул: Знаете кој е

Дерби

20/02/2025

13:32

2.277

Големина на фонт

а а а

Ливерпул не успеа да слави на жешкото гостување на „Вила Парк“ кај Астон Вила и на тој начин да направи уште еден исчекор кон освојување на титулата во Премиер лигата.

„Црвените“ водеа, па губеа во Бирмингем за да Александер Арнолд во 61 минута ги постави конечните 2-2. Гостите имаа шанса и да го добијат овој меч, меѓутоа резервистот Нуњез не реализираше чист зицер, ситуација која донесе големо разочараување на клупата на Ливерпул, но менаџерот Арне Слот е свесен дека вакви работи се случуваат во фудбалот.

- Видов неверојатен пас од Бредли, моќно трчање од Собослаи, кој според мене го направи совршениот избор бидејќи направи шанса за отворен гол, а потоа Дарвин, тоа не беше најдобро, тој е деснак, се разбира, ама сепак е голема шанса. Се надевав дека ќе добие уште една шанса.

- Сите бевме разочарани, но нормално е дека таков играч е малку повеќе разочаран. Има еден играч во соблекувалната кој се чувствува многу лошо. Знаете кој е, - истакна Слот алудирајќи на Уругваецот.