Фондовите на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и на Црна Гора размената на податоците ќе ја остваруваат по електронски пат

Макфакс

20/02/2025

11:10

487

Големина на фонт

а а а

Директорите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Црна Гора, Никола Мемов и Владимир Дробњак потпишаа Договор за размена на податоци во областа на пензиското и инвалидското осигурување.

Со овој договор, како што беше речено, ќе се придонесе во подобрувањето на остварувањето на правата од оваа област на корисниците во двете држави. Договорот предвидува електронска размена на податоците за фактот на смрт на корисниците на правата од пензиското и инвалидското осигурување и ги регулира целта, начинот на размена, обемот и видот на податоците кои се разменуваат и управувањето со нив, како и нивната запштита.

Директорот на Фондот на ПИОСМ, Мемов рече дека ова е еден чекор напред во соработката, а таа може и во иднина да се проширува со размена на други податоци од интерес на двата Фонда.

Директорот на Фондот на ПИО на Црна Гора, Дробњак, истакна дека е многу важно што се воспоствува ваква соработка и ја поздрави иницијативата на македонскиот Фонд за потпишување на Договорот.

Исто така беше потпишан и Технички Протокол за спроведување на Договорот, а беа назначени и контакт лица за непречена и навремена комуникација за сите прашања што ги покрива истиот.