[ФОТО/ВИДЕО] Иванка Трамп јавно му се обрати на Никола Јокиќ: Видела како го „воспитал“ нејзиниот син пред сите

Точка

18/02/2025

21:00

9.002

Големина на фонт

а а а

Иванка Трамп објави клип на својата приказна на Инстаграм, на кој се гледа дека на осумгодишниот син Теодор – кого таа го нарекува Тео – му наложуваат да се фотографира од членовите на Ол-стар тимот.

Српската НБА суперѕвезда Никола Јокиќ беше во центарот на вниманието на Ол-стар натпреварот надвор од теренот, бидејќи во еден момент го допре внукот на американскиот претседател Доналд Трамп. Додека малиот Теодор (8), син на ќерката на Трамп, Иванка Трамп (43), разговараше со познатиот кошаркар Шеј Гилџус-Александер, Јокиќ му ја „сврте главата“ кон фотографите, насочувајќи му го вниманието кон тоа дека со фотоапаратите чекаат сите да позираат, пишува „Дејли мејл“.

 Иванка Трамп го видела потегот на Јокиќ и му се обрати на социјалните мрежи: „Ти благодарам Јокиќ што го натера мојот Тео да слуша“, напишала Иванка Трамп.


Таа беше на Ол-стар со сопругот Џаред Кушнер (44), како и со нивните три деца – ќерката Арабела (13) и синовите Џозеф (11) и Теодор (8).

Иванка Трамп во претходниот мандат била близок соработник на својот татко во Белата куќа, а оваа зима, на почетокот на новиот мандат на Доналд Трамп, ужива во големите настани во Америка. Така, една недела пред Ол-стар натпреварот, присуствувала на Супербол со својот татко.


Интересно е тоа што на тој натпревар, Доналд Трамп влезе во историјата како првиот актуелен претседател на САД кој во живо го гледал натпреварот за титулата во НФЛ.