Петрушевски: Се гледа крајот на Трпков и Кацарска судството помогнати од партиските слуги како Коцевски и Русковска

Макфакс

18/02/2025

12:54

599

Големина на фонт

а а а

Со цел конечно Македонија да биде правна држава, држава во која лицата од правосудството се водат и постапуваат согласно правните норми, законите и Уставот мора да се стави крај на Трпков и Кацарска судството кои во изминатите години постапуваа заедно со партиските полтрони Коцевски и Русковска, рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Кацарска и Трпков, си играа со судбините на луѓето кои беа вклучени во случајот за 27 април. И за ова нивните газди од СДС и ДУИ ги наградија, па така Кацарска стана уставен судија, а Трпков заборави дека во судството се постапува по закони и Устав и постапуваше по политиката на газдите. Газдите им свиреа, а тие играа, односно пишуваа пресуди. Кацарска и Трпков и не знаат поинаку. Секако во играта е и Коцевски, таканаречен обвинител кој исто така не знае за закони и Устав, ама многу добро знае што да прави само кога му се јавуваат газдите од СДС. Пензионираната Русковска пак заедно со Кацарска се синоним за Заев и еден систем кој овозможуваше неказнивост на криминал. Се гледа крајот на ваквите лица во правосудството. Ваквите случаи во кои високо позиционирани лица во правосудството ја избираат партијата наместо законот во иднина нема да се дозволат. Одговорност мора да има, вели Петрушевски.