[ВИДЕО] Оџа од Чаир гласно и искрено ја кажа тажната реалност во нашата држава: „Ако сме дојдени до таму цела ноќ да се краде, па потоа да се доаѓа на утринска молитва – налет од таа молитва!“

Точка

17/02/2025

21:31

3.630

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи осамна видео од оџата Муарем Ислами од џамијата Иса Бег, во кое по петочната молитва им се обрати на граѓаните со надеж дека овие зборови ќе допрат до нив. Започна со убиството на Хебиб во Чаир, кој имаше едвај 35 години.

Ги постави прашањата со кои треба да се соочи целото пошироко општество – за да се престане со насилство и дивеење, со пукање и газење луѓе; за да се вратиме на темелните човечки вредности и секој еден човечки живот да биде свет за секој од нас.

Се наметнува прашањето: „До кога?“. Дали нашата свест толку не успева да проработи? Дали гладта за моќ, пари, да се докажеме некому, прави тотално да забораавиме на она што суштински вреди. Премногу луѓе се загубија, премногу семејства останаа без најблиските, а упорно се пролева крв и сме непријатели едни на други. Во ова емотивно видео оџата Муарем со грутка во грлото се обидува да допре до сите нас, без оглед на верата и општествените статуси.

Дали успеал барем малку … Можеби некогаш ќе дознаеме.