Нејмар ја дочека првата победа на четвртиот натпревар како член на Сантош и се израдува на гол и асистенција, но посебно внимание привлече и со движењето кое го имаше при изнудениот пенал.
Легендарниот бразилски фудбалер на првите четири меча покажа дека е максимално мотивиран за надигрување, но истовремено се уште е на доволно високо ниво за да си поигрува со противниците.
Нејмар со години наназад важеше за најдобар дриблер во светот, а очигледно е блиску до тој статус и по тешката повреда на коленото.
I was told Neymar was finished.
— Tactical Manager (@ManagerTactical) February 17, 2025
Brother, if he is healthy… he still is Brazil’s 🇧🇷 best player and one of the best in the World.
pic.twitter.com/2VP1mMK7Al
Бразилецот се опоравуваше една година и ги бележи првите позначајни настапи по тешката повреда, па тоа што игра доста опуштено и без страв е најдобра вест за неговите нови соиграчи.
Нејмар беше избран и за најдобар меч во победата на Сантош со резултат 3:1, што само потврдува дека полека влегува во посакуваниот натпреварувачки ритам.