Откако писателката Ешли Сент Клер ја шокираше јавноста објавувајќи ја веста дека пред пет месеци го родила детето на Илон Маск, милијардерот објави загадочна порака на X.
„Бескрајно ме забавува бесконечното понижување кое го трпам на платформата што ја поседувам“, напиша Маск.
Ешли во претходна изјава рече дека не сакала да објави дека има дете со него, но дека знаела оти медиумите ќе го објават тоа доколку таа не го направи.
„Не сакав да ја откријам оваа информација за да ја заштитам приватноста и безбедноста на нашето дете, но во последните денови стана јасно дека медиумите имаа намера да го сторат тоа, без разлика на штетата која тоа ќе ја предизвика“, напиша 26-годишната Американка. „Имам намера да му дозволам на нашето дете да расте во нормална и безбедна средина. Поради оваа причина, барам од медиумите да ја почитуваат приватноста на нашето дете и да се воздржат од инвазивно известување“, додаде таа.
Таа го праша Маск кога ќе ѝ одговори
Ешли потоа јавно го повика Маск да го „заврши договорот“ кога станува збор за заедничко родителство, пренесе „People“.
Во сега избришаниот одговор на Маск на X, Ешли напиша дека таа и нејзиниот тим се обиделе да комуницираат со него во изминатите неколку денови, но дека тој не им одговорил. Ешли тоа го напиша под објавата во која Маск напиша „whoa“, одговарајќи на објава од 2020 година во која Сент Клер се пошегувала дека сака да го привлече вниманието на Илон Маск за тој да ѝ понуди брак.
Ешли тогаш го обвини сега избришаниот профил на Х дека споделувал нејзини фотографии додека била уште малолетна, а Маск ги коментирал истите. „Кога ќе нѝ одговориш наместо јавно да ѝ одговараш на личноста која објави мои фотографии во долна облека кога имав 15 години? му напишала на Маск.
Нејзиниот претставник: Чекаме Маск да признае дека тој е таткото
Брајан Гликлич, нејзиниот претставник, исто така сподели објава во која напиша дека Ешли и Илон „приватно разговарале за креирање на родителски договор за детето“.
„Разочарувачки е тоа што новинар од таблоид, кој постојано ги напаѓа Ешли и нејзиното семејство, го спречи доверливото довршување на овој процес. Чекаме Маск да ја признае својата родителска улога за да се стави крај на неоправданите шпекулации, а Ешли верува дека Илон има намера брзо да го заврши нивниот договор, во најдобар интерес на благосостојбата и безбедноста нивното дете“, напиша Брајан.
Колку деца има Маск?
Маск е веќе татко на 11 деца: Вивијан, Грифин, Каи, Саксон, Демијан, X Æ A-12, Ексе, Страјдер, Азур, Техно и уште едно дете кое се роди во 2024 година.
Милијардерот првпат стана татко во 2002 година, кога неговата тогашна сопруга Џастин Вилсон, канадската писателка, го роди нивниот син Невада Александар, кој почина на возраст од само 10 недели.
Парот потоа ги доби близнаците Вивијан и Грифин, кои сега имаат 21 година, а потоа тројките Каи, Саксон и Демијан, кои имаат 18 години. Од врската со пејачката Грајмс, Маск има син со чудно име X Æ A-12, кој сега има четири години.
Тие се разделија во 2022 година, но добија уште две деца – Екса Дарк Сидерел, која има три години, и синот Техно Механикус, кој има две години.
Неколку недели пред Грајмс да ја роди нивната ќерка, Маск доби уште две деца, близнаците Страјдер и Азур. Нивната мајка е Шивон Зилис, со која минатата година добија уште едно дете, чие име не ѝ е познато на јавноста.