Ќерката на најубавата кралица на светот го роди своето прво дете

Макфакс

17/02/2025

08:16

4.064

Големина на фонт

а а а

Јорданската принцеза Иман и нејзиниот сопруг го дочекаа своето прво дете, а девојчето го крстија Амина, објави во неделата кралската палата.

Родителите на Иман, кралицата Ранија и кралот Абдула Втори му честитаа на парот.

„Нашата радост поради доаѓањето на драгата Амина е голема како и светот. Честитки за Џамил и Иман“, напиша кралицата Ранија на арапски на Инстаграм.

„Честитки до моите драги Иман и Џамил за нивната новородена ќерка Амина“, додаде јорданскиот крал, објавувајќи фотографија на која го држи бебето во раце.