[ВИДЕО] Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа

Дерби

16/02/2025

15:53

2.354

Големина на фонт

а а а

Комо влезе во тешка серија на резултати и претрпе три порази во низа на дуелите со Аталанта, Јувентус и Болоња, но тимот на Сеск Фабрегас реагираше ова попладне и конечно доби награда за позитивните изданија.

Тимот кој се бори за опстанок одработи перфектен натпревар на „Артемио Франки“ и успеа да ја победи Фиорентина со 0:2, и тоа на натпревар на кој двајца млади играчи режираа фантастични голови.

Асане Диао ја прикажа сета своја брзина на дело и постигна импресивен гол откако претрча двајца противници, но мајсториите во Фиренца не зваршија тука.

Во второто полувреме Комо постигна уште еден гол во мрежата на Давид Де Хеа, а истиот беше дело на Нико Паз.

Големиот аргентински талент кој може да биде вратен во тимот на Карло Анчелоти уште претстојното лето постигна мајсторски гол за потврда на победата, па така загарантира три бода за Комо со кои тимот сега избега од опасната зона (на плус 5).

Видеото погледнете го ТУКА.