Пеп Гвардиола можеше да ужива во првото величествено издание на Омар Мармуш во дресот на Манчестер Сити, бидејќи Египќанецот вчера постигна три гола во период од 14 минути на натпреварот против Њукасл.
Првиот хет-трик во Премиер лигата му донесе големи пофалби на засилувањето од Ајнтрахт Франкфурт за кое Сити плати 75 милиони евра, но наместо да го возвишува, Пеп во свој стил се обиде да го симне Мармуш од облаци.
Менаџерот на Сити нагласи дека очекувал вакво нешто од напаѓачот, но искресно се надева дека ќе успее добро да се справи со комплиментите кои ќе ги добие во јавноста.
– Знаевме дека е добар голгетер, во Германија имаше добри бројки, но против Лејтон Ориент не реализираше три чисти шанси.
– Знаевме дека порано или подоцна ќе влезе во посакуваната динамика, а овојпат со помош на соиграчите се стави во добри позици да постигне голови. Се надевам дека ќе успее добро да се справи со комплиментите кои следат за него, – изјави Гвардиола.