Алкарас проговори за суспензијата на Синер и си постави минимална цел која мора да ја оствари во 2025. година

Дерби

16/02/2025

14:13

1.864

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас е еден од тенисерите кои безрезервно му даваа подршка на Јаник Синер во долгиот процес кој траеше околу неговиот допинг скандал, па откако Италијанецот доби тримесечна забрана за играње тенис, шпанскиот тенисер не сакаше да се задлабочува на оваа тема и да дава било какви поспецифични коментари.

Алкарас не сакаше да одговара дали Синер добил доволно голема казна за тоа што го направил, но не криеше дека ќе се обиде да го искористи претстојниот период за да се приближи до првото место, па дури и да го преземе истото.

– Што се однесува до санкцијата која вчера беше изречена, јас не би имал многу што да додадам. Веќе кажав се на таа тема, треба да ги оставиме работите на луѓето кои се одговорни за тоа. Без разлика дали игра Јаник или не, на нас останатите ни преостанува да бидеме најдобра верзија од себе.


– За мене лично, неиграњето на Јаник значи дека ќе можам да го нападнам првото место, што секако е една моја цел. Следат доста турнири во наредните три месеци, па ќе се обидеме заедно со тимот да бидеме најдобри во обидот да се доближиме до првото место.

– Од оваа перспектива, моја минимална цел за 2025-та година е да освојам најмалку еден грен слем турнир, а секако и да се борам за некоја Мастерс титула од серијата 1000. Секој турнир е важен за собирање бодови, па ќе се обидеме да извлечеме најмногу што можеме, – изјави Алкарас во пресрет на турнирот во Доха.

По поразот од Новак Ѓоковиќ на Аустралијан Опен, Алкарас играше во Ротердам и ја освои првата титула во затворени услови, па сега со голема самодоверба пристигнува на турнирот во Доха каде е еден од главните фаворити за трофејот.