Манчестер Јунајтед денеска потврди дека Амад Диало ќе биде во аут повеќе недели, но исто така објави вест за успешна изведена операција на фудбалер кој исто така заработи тешка повреда.
Лисандро Мартинез го повреди коленото на почетокот на месец февруари на натпреварот против Кристал Палас, па иако Манчестер Јунајтед како клуб беше доста резервиран околу откривање на детали, Лича вчера подлегнал на операција на предниот вкрстен лигамент.
Тоа значи дека Аргентинецот ќе биде во аут од шест до девет месеци, а бидејќи за него следи нов долг процес надвор од теренот, Мартинез почувствува потреба да се исповеда на социјалните мрежи.
💬 "The surgery went perfectly! Now it’s time to give it my all, with heart and soul in the rehabilitation process."
— Manchester United (@ManUtd) February 16, 2025
Everyone at United is with you, @LisandrMartinez 🫶#MUFC
– Откако поминав низ неколку бурни денови во кои дозволив да ја почувствувам тагата, беспомошноста и несигурноста, повторно се поврзав со мојата суштина и моите вредности кои ми овозможуваат да ги гледам работите од доста попозитивна перспектива.
– Чувствувам огромна благодарност за неверојатната работа и поддршката која ја добивам од Манчестер Јунајтед, од Аргентина, од моето семејство, пријателите, како и соиграчите кои издвоија време да ми испратат пораки за охрабрување. Операцијата мина совршено! Сега е време да дадам се од себе, да дадам срце и душа во процесот на рехабилитација, – порача Лича.