Џуд Белингам вчера доби исклучување од Хосе Луис Мунуера во 39-та минута поради непотребен протест на теренот, а во неговиот судиски записник, главниот арбитар објасни дека Англичанецот се обратил со терминот „Fuck you“.
Навредливата конотација на зборот кој е секојдневие во Англија му донесе проблеми на офанзивниот играч за врска, но во продолжение проблемите се префрлија и врз тимот, бидејќи Реал прими гол во вториот дел и на трет натпревар во низа остана без победа во Ла Лига.
За разлика од Мунуера, Белингам по крајот на мечот посочи дека се обратил со зборовите „Fuck off“, а бидејќи станува збор за фраза која во Англија има разговорно значење, Џуд се надева дека казната која ќе ја добие ќе биде помала.
Како и да е, Џуд вчера на „Ел Садар“ падна во замката за која Кристијано Роналдо зборуваше уште во 2018-та година, па затоа сега интервјуто на Португалецот дадено за „Ел Чирингито“ стана вирално на социјалните мрежи.
Cristiano hablando sobre el arbitraje y como los futbolistas ingleses hacen uso del "fuck off": pic.twitter.com/rHcxxCFFRP
— ChM (@CharRMou) February 15, 2025
– Судијата се претвора во недопирлив на теренот, но со оглед случувањата на теренот, судиите треба да бидат и малку пофлексибилни. Ќе дадам еден пример. Во Англија каде играв многу години, честопати се користи фраза поради која судиите не преземаат ништо.
– „Fuck off“ се користи често после досудени фаули и судиите не преземаат ништо. Ако го кажете тоа тука во Шпанија, ќе добиеш исклучување. Затоа сметам дека судиите треба малку да бидат пофлексибилни, – гласи тогашната изјава на Роналдо.