Манчестер Сити можеби го одигра и најдобриот натпревар оваа сезона на вчерашниот меч против Њукасл, средба на која актуелниот шампион успеа да слави со убедливи 4:0.
Омар Мармуш беше задолжен за шоуто на „Итихад“ со својот прв хет-трик во Премиер лигата, но откако Сити стигна и до комотни 4:0 со голот на МекАти, Пеп Гвардиола доби причина за грижа во самата завршница.
Ерлинг Халанд заврши на земја при едно лошо движење со коленото и шпанскиот стручњак веднаш се преплаши и почна да се фаќа за глава, но грижите почнаа да паѓаат во втор план откако Норвежанецот самиот излезе од теренот.
– Кога Халанд падна на земја, сите се исплашивме. Но, тој успеа да стане сам и го напушти теренот со насмевка на лицето.
– Не зборував со него, ниту со лекарите, но ако имаше нешто лошо, докторите прво ќе дојдеа да ми кажат мене. Се надевам дека е добро, не е лошо какошто изгледаше, – изјави Гвардиола.