[ВИДЕО] Голден Стејт се пофали со своите роботи: Кари и Грин имаат асистенти со вештачка интелигенција

Дерби

15/02/2025

11:48

3.693

Големина на фонт

а а а

НБА лигата одржа уште еден „технолошки самит“ во рамките на Ол-стар викендот, а комесарот Адам Силвер меѓу другото имаше можност да ги претстави асистентите со вештачка интелигенција кои ги користи Голден Стејт.

„Воините“ имаат четири видови роботи кои им помагаат во извршување на секојдневните обврски, па Стеф Кари, Дрејмонд Грин и останатите ѕвезди на Голден Стејт имаат и дополнителни колеги во својот тим.

НБАобјави видеа на кои Кари има шутерски тренер во кој му асистира еден вид на робот, додека Грин си има личен асистент кој го потсетува на обврските за време на секојдневните тренинзи.

Тренерот Стив Кер пак ги користи роботите за поставување одредена одбрана, со што добива асистенција при подготовката на тактички план, а тука е и асистентот со вештачка интелигенција кој помага во собирање и складирање на опремата по тренинзите.