Бразилската легенда Роналдо останува запаметен како еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, а во својата успешна кариера имаше можност да настапува и со голем број соиграчи од различни страни на светот.
Роналдо бил гостин во емисијата на неговиот постар сонародник Ромарио, а таму добил прашање да издвои фудбалери кои според него биле најквалитетни, односно најнеквалитетни како негови соиграчи.
Во изборот за најдобри, Роналдо ги потенцирал Роналдињо од националниот тим и Зинедин Зидан на клупско ниво, а избрал и двајца фудбалски колеги кои не се прославиле со квалитетот на теренот.
– Ова е малку тешко прашање, но има еден играч кој се издвојува.
– Се работи за добро момче, одличен другар, топ личност, но многу лош фудбалер.
– Тоа е Томас Гравесен, фудбалер кој беше слабо технички поткован, а притоа и многу удираше, ги масакрираше противниците на терен, нешто што беше и дел од неговата задача. Во репрезентацијата Амарал имаше многу лоша техника. Тој се трудеше, беше борбен, но немаше други квалитети, – рекол Роналдо.