Тимот на Крис Малин победи на турнирот „Ѕвезди во подем“, за два дена ќе игра против тимот на Шек

Макфакс

15/02/2025

10:33

3.436

Големина на фонт

а а а

Тимот Ц, предводен од клупата од Крис Малин, ќе игра на Ол-стар турнирот ноќта меѓу недела и понеделник.

Ол-стар викендот беше отворен со турнирот „Ѕвезди во подем“, на кој настапија три екипи со по седум играчи кои беа во првата или втората сезона во лигата, а четвртиот тим беше составен од кошаркари од развојната Џи лигата.

Тимот на Крис Малин го сочинуваа Рајан Дан, Зак Иди, Џејлен Велс, Трис Џексон Дејвис, Стефон Касл, Далтон Кнехт и Кијонте Џорџ, а тие го освоија турнирот „Ѕвезда во подем“.

Во полуфиналето го победија тимот на Тим Хардавеј (Грејди Дик, Тристан да Силва, Ентони Блек, Хаиме Сардинзир, Александер Сар и Брендан Подзијемски).

Системот на натпреварување е таков што полуфиналните натпревари се играат до 40 поени, а втората полуфинална двојка ја сочинуваа играчи од Џ лигата (Ленард Милер, Брајс МекГовенс, Џеј-Ди Дејвисон, Мек Мекланг, Динк Пејт, Пет Спенсер и Рид Шепард), предводени од Џереми Лин.

Тие го надиграа тимот на Мич Ричмонд, во кој беа Амин и Оскар Томпсон, Тумани Камара, Карлтон Карингтон, Билал Кулибали, Матас Бузелис и Џулијан Стротер.

Тимот предводен од легендата на Голден Стејт го победи тимот од Џи лигата и за два дена ќе игра на Ол-стар натпреварот против тимот на Шекил О’Нил, во кој се Леброн Џејмс, Стеф Кари, Џејлен Браун, Кајри Ирвинг, Кевин Дурант, Џејмс Харден, Демијан Лилард и Џејсон Тајтум.