Носач на авиони на американската морнарица се судри со трговски брод во близина на Египет, соопшти денеска американската војска, нагласувајќи дека носачот на нуклеарен погон е во стабилна состојба и дека нема повредени.
Во соопштението се прецизира дека носачот на авиони „Хари Труман“ се судрил со бродот Бешикташ-М во средата доцна навечер кај Порт Саид во Египет.
„Судирот не го загрози „Хари С. Труман“ и нема извештаи за повредени. Погонските постројки не се погодени и се во безбедна и стабилна состојба“, се наведува во соопштението.