Мала промена што ќе се забележи: "Instagram" го копира "TikTok"

Точка

13/02/2025

17:26

3.015

Големина на фонт

а а а

Корисниците ги изразија своите барања, "Meta" реагираше со разбирање.

Конкурентите на "TikTok" и понатаму се надеваат дека, поради неизвесноста околу судбината на оваа платформа во САД, корисниците ќе почнат да бараат алтернативи. Во последно време, тие го забрзаа претставувањето на нови опции и генерални подобрувања на корисничкото искуство.

"Instagram" е една од тие мрежи, која во последните недели веќе воведе неколку новитети, а неодамна започна со тестирање на уште една функција. Иако не станува збор за голема промена што ќе привлече масовен број корисници, "Instagram" всушност само копираше една од омилените функции на "TikTok" – можноста за едноставно паузирање на видеата во "Reels".

За подолго паузирање, потребно е да се држи прстот подолго на екранот, додека краток допир ќе го намали звукот на видеото.


Закерберг очекува раст на "Instagram" и "Facebook"

На "TikTok" оваа функција е уште поедноставна – доволен е само еден допир на екранот за паузирање на видеото. Бидејќи многу корисници на "TikTok" почнаа почесто да објавуваат содржини на "Instagram" и "Reels", сè почесто се појавуваа барања за имплементација на истата функција.

„Здраво@Instagram, можам ли да побарам копче за паузирање на "Reels"? Со почит, тажен поранешен корисник на "TikTok“ – цитира "CNBC" еден од многуте коментари со кои поранешни корисници на "TikTok" се обиделе да го наговорат "Instagram" да ја воведе оваа опција.

"Meta" ги слушна овие барања и неодамна започна тестирање на функцијата за паузирање со еден допир. Оваа опција моментално е достапна за мал број корисници низ светот, но не е објавено кога би станала достапна за сите.


"Instagram" подготвува конкуренција за "CapCut"

Во јануари, "Meta" најави и нова апликација за уредување видеа – "Edits", која ќе биде директен конкурент на "CapCut" од "ByteDance". Нејзиното лансирање се очекува во текот на овој месец.

Дополнително, "Meta" го зголеми максималното времетраење на видеата во "Reels" и најави бонус-програми за нови креатори, преку кои финансиски ќе ги наградува за нивната активност и објави на "Instagram" и "Facebook".

На неодамнешната конференција за деловните резултати на "Meta", Закерберг изјави дека ќе продолжи да ја следи ситуацијата со "TikTok". Без разлика на тоа, тој коментираше дека очекува понатамошен раст на "Instagram" и "Facebook".