Анге Постекоглу се соочува со голем број на повреди во Тотенхем и тоа му прави огромни проблеми при селекцијата за натпреварите, а воедно и воопшто не му е од помош во ситуација кога се обидува да си ја задржи актуелната работа.
Менаџерот на Тотенхем е под голем притисок во својата втора сезона како предводник на „петлите“, но Рој Кин во свој стил му порача дека не треба премногу да очекува од играчот кој набрзо ќе се врати во неговиот тим.
Џејмс Мадисон е во завршен процес од рехабилитацијата и ќе биде избор плус за австралискиот тренер, меѓутоа легендата на Јунајтед верува дека Постекоглу не добива ништо посебно со него.
– Кога зборуваме за играчи кои му недостасуваат на Тотенхем, се согласувам дека тука треба да се стават Мики Ван Де Вен и Гилјелмо Викарио, а исто така добро се покажа и Дестини Удоги.
– Џејмс Мадисон? Тој беше изваден од игра на натпреварот против Тамворт во 3-та рунда на ФА Купот. Тамворт е непрофесионален тим, тим кој не е од професионална лига. Мадисон испадна со Лестер од Премиер лигата, а очигледно може да го направи тоа и со Тотенхем. Мадисон не е толку лош, но ако очекувате од него да го врати Тотенхем во топ шест, тогаш живеете во некој свој свет, – појаснува Кин.