Нетфликс „во тишина“ отстранува еден од најдобрите акциони филмови на векот

Точка

13/02/2025

16:08

954

Големина на фонт

а а а

Доколку сте љубител на брзи автомобили и адреналинска акција, имаме лоши вести – „Fast Five“, петтото продолжение од популарната франшиза „Fast and Furious“, наскоро го напушта Нетфликс. Овој филм, кој според многумина е најдобар во серијалот, ќе биде достапен до 4-ти март, по што „тивко“ ќе биде отстранет од стриминг платформата.

Кога се појави во кината во 2011 година, „Fast Five“ веднаш ги освои гледачите ширум светот. Ова продолжение го воведе Двејн Џонсон во приказната во улогата на немилосрдниот агент Лук Хобс, додека старата екипа се врати: Вин Дизел, Пол Вокер, Џордана Брустер, Тајрис Гибсон, Лудакрис, Гал Гадот и Сунг Канг.


Дејството во филмот ги следи Доминик Торето (Дизел) и Брајан О’Конер (Вокер) додека собираат елитен тим на возачи за последната голема работа во Рио. Но, нивните планови ги комплицира Хобс, кој по секоја цена сака да ги изведе пред лицето на правдата.

Во режија на Џастин Лин, филмот заработи импресивни 626 милиони долари на глобалниот бокс офис. Покрај тоа што е комерцијален хит, критичарите и публиката го фалат и како најдоброто продолжение во франшизата. „На Rotten Tomatoes“, моментално има 83% од публиката и 78% на критичарите.

„Ова е еден од најдобрите акциони филмови на векот“

На социјалните мрежи и филмските портали, обожавателите го изразија своето воодушевување од овој адреналински филм.


„Веројатно најдобриот во серијалот. „Fast Five“ е неверојатно забавен филм! Полн со акција, хумор и напнатост, со неверојатни каскадерски сцени и фантастичен крај“, „Овој филм е вистинско возење со полна брзина! Комбинира возбуда, хумор и приказна која нè ве остава до последен момент. Задолжително гледајте го доколку сте љубители на акција“, беа дел од коментарите.


Покрај „Fast Five“, Нетфликс наскоро ќе го напуштат и: „The Fast and the Furious“, „The Fast and the Furious Tokyo Drift“, „Fast & Furious“, „Fast & Furious 6“, „Furious 7“, „The Fate of the Furious“ и „Fast & Furious: Hobbs & Shaw“, што предизвика разочарување кај многумина фанови на франшизата.