„Терористите можат да ја користат вештачката интелигенција“

Точка

13/02/2025

13:50

2.873

Големина на фонт

а а а

Поранешниот извршен директор на компанијата „Google“, Ерик Шмит изјави дека е загрижен оти вештачката интелигенција би можеле да ја користат терористи или одметнати држави за да нанесат штета на невини луѓе.

„Вистинските стравови што ги имам не се оние за кои повеќето луѓе зборуваат кога станува збор за вештачката интелигенција, јас зборувам за екстремен ризик“, изјави Шмит за "BBC".

Технолошкиот милијардер, кој имаше високи позиции во компанијата „Google“ од 2001 до 2017 година, истакна дека „Северна Кореја, Иран, па дури и Русија“ би можеле да ја прифатат и злоупотребат технологијата за создавање биолошко оружје.


Овој софтверски инженер повика државите да воспостават надзор врз приватните технолошки компании што развиваат "AI" модели, но истовремено предупреди дека прекумерната регулација би можела да ја задуши иновацијата.

Шмит ја поддржа американската извозна контрола врз моќните микрочипови, кои го напојуваат најнапредниот "AI" софтвер.


Пред да ја напушти функцијата, поранешниот американски претседател Џозеф Бајден го ограничи извозот на микрочипови во сите земји, освен во 18 држави, со цел да го забави технолошкиот напредок на ривалите во областа на вештачката интелигенција.

Таа одлука би можел да ја поништи актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, пренесе "BBC".