[ВИДЕО] Уапсена 22-годишна скопјанка: При претрес во нејзиниот дом пронајдена марихуана

Макфакс

13/02/2025

11:08

1.119

Големина на фонт

а а а

Вчера во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 22-годишната В.К. од Скопје.

При претрес во нејзиниот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана и еден куршум.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик.