Авион во сопственост на музичарот Винс Нил се судрил со паркиран авион додека се обидувал да слета на аеродромот Скотсдејл во Аризона вчера околу 14:39 часот по локално време, се вели во соопштението. Според информациите, едно лице загинало.
Пејачот на Motley Crue не бил во авионот во тоа време, но пилотот трагично загинал, се вели во соопштението на бендот на социјалните мрежи.
Копилотот и двајцата патници, девојката на Винс (43) и нејзината пријателка се хоспитализирани, а нивните повреди се опишани како „не опасни по живот“. Таа се здобила со скршеници на ребрата.
„Првите екипи кои пристигнаа на местото на настанот потврдија дека едно лице загинало, а четворица се повредени“, изјави капетанот на противпожарната служба во Скотсдејл, Дејв Фолио, објави „Ен-би-си Њуз“.
Адвокатот на Нил рече дека неговиот авион „излегол од пистата и се судрил“ со друг авион од „засега непознати причини“.
DEVELOPING: Plane owned by Mötley Crüe singer Vince Neil crashes into parked jet at Scottsdale Airport in Arizona.
— BNO News (@BNONews) February 11, 2025
Officials confirm at least 1 person was killed, 4 injured. It's unknown if Neil was on board the plane. pic.twitter.com/t1etMwP75A