[ФОТО] Џеј Зи на „Super Bowl“ се појавил со ќерка си, сите мислеле дека е Бијонсе: Кога камерата зумирала, останале вчдудоневидени

Точка

10/02/2025

21:28

3.647

Големина на фонт

а а а

На неделниот Супербол присуствуваа многу познати личности, од кои некои настапија во текот на вечерта. На натпреварот присуствуваше и раперот Џеј Зи (55), кој влезе на стадионот со ќерката Блу Ајви (13), а друштво му правеше и нивната помала ќерка Руми (7), која ретко се гледа во јавноста.

13-годишната ќерка на Бијонсе, според многумина, изгледала како копија на нејзината мајка. Носела предимензионирана кожна јакна и широки фармерки, во комбинација со чанта со леопард принт. На главата носела очила за сонце, а кадравата коса дополнително ја зголемила нејзината сличност со Бијонсе.


Ова е втора година по ред семејството да го гледа Суперболот од трибините. Недостасуваа само Бијонсе, која настапи на натпреварот минатата година, и братот близнак на Руми, Сер.

На стадионот во Њу Орлеанс присуствувал и претседателот Доналд Трамп, кој се појавил на теренот за време на традиционалното фрлање паричка. По натпреварот, Трамп ја исмејувал Тејлор на социјалните мрежи, фалејќи се дека добил „громогласни овации“.



„Неверојатно, мислев дека ова е Бијонсе!“, „Девојчето сè повеќе личи на мајка си, преубава е“, се само дел од коментарите на мрежите.


Помладата Руми имала палава насмевка додека се фотографирала со нејзината постара сестра и тато. Таа носела црна јакна, бела маичка, широки фармерки и бели патики.