Марко Елез е програмерот кој Илон Маск го ангажирал да управува со финансиските процеси во САД! Штом стапил на работа, предизвикал хаос

Точка

08/02/2025

19:07

11.320

Големина на фонт

а а а

Младиот инженер Марко Елез (25), кој Илон Маск го довел од неговата компанија SpaceX во Одделот за владина ефикасност (DOGE) – советодавно тело задолжено за елиминирање на непотребните програми и намалување на федералните трошоци – поднесе оставка откако беше откриено дека на социјалните мрежи објавувал расистички коментари.

Елез беше едно од двете лица во DOGE со пристап до чувствителниот платен систем на Министерството за финансии на САД.

Елез, програмер донесен во владата од најбогатиот човек на светот, Илон Маск, откако Трамп го назначи да раководи со DOGE, имал профил на платформата X каде што изразувал поддршка за „евгенични имиграциски политики“ и други контроверзни ставови, објави „Волстрит журнал“. Во една објава, наводно напишал дека „и да ми платиш, не би се оженил со некој надвор од мојата етничка група“. Во друга, повикал на „нормализирање на омразата кон Индијанците“, алудирајќи на зголемениот број индиски имигранти во технолошкиот сектор во САД.


Кој е Марко Елез?

Според „Wired“, по дипломирањето на Универзитетот Рутгерс во 2021 година, Елез работел како инженер во компаниите на Маск, SpaceX и X. Во SpaceX, тој бил ангажиран на проекти поврзани со телеметрија на возила, софтвер за вселенски летала и сателитски системи. Подоцна, тој работел на развој на вештачка интелигенција за пребарување на социјалната мрежа X.

Од друга страна, „Индипендент“ забележува дека младиот инженер имал директен пристап до системите на Министерството за финансии, преку кои се управуваат речиси сите плаќања на американската влада. Според извори на „Wired“, Елез можел и да чита и да менува код во два платежни системи што обработуваат милијарди долари годишно.


Ова предизвикало загриженост, бидејќи неговите овластувања не биле ограничени само на читање на податоци – тој можел да прави измени во кодот, да управува со целиот датотечен систем, да менува кориснички дозволи, па дури и да брише или менува важни датотеки.

Програмерите кои ја одржувале шифрата на системот пред една недела изразиле паника бидејќи сите измени што ги направил Елез наводно биле веднаш ставени во функција, без соодветно тестирање. Според американскиот новинар Џош Маршал, Елез добил пристап до системот пред околу една недела, а ваквиот начин на работа се смета за крајно проблематичен, особено поради чувствителноста на податоците во системот.