Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот

Дерби

07/02/2025

13:45

2.144

Големина на фонт

а а а

Златко Далиќ вторпат во краток период морал да одбие примамлива понуда и решил да остане на клупата на хрватската фудбалска репрезентација.

Селекторот со кого „коцкестите“ бележеа одлични резултати изминатите години, очигледно смета дека се уште не е дојдено време за крај на циклусот и ја одбил и втората понуда од Фудбалската федерација на Катар.

Азиската земја е упорна во обидите да го ангажира Далиќ, па му понудиле двојно поголема плата од претходниот пат, односно сума од околу 12 милиони евра.

Далиќ би станал најплатен селектор во светот доколку реши да се пресели во Катар, но шеиците ќе мора да чекаат трета среќа во комуникацијата со хрватскиот стручњак.

Актуелниот договор на Далиќ со Хрватскиот фудбалски сојуз истекува во 2026 година.