Богатството на Марко Јариќ извесно време било тема за која се говорело многу транспарентно, а сега целата јавност e затекната од информацијата дека славниот српски кошаркар се вработил во една компанија и – дека ќе работи за плата.
Веднаш започнаа прашањата – каде исчезна неговото богатство?
Имено, се шпекулирало дека НБА играчот и репрезентативец заработил толку од кошарката што не мора да работат ниту неговите правнуци. Додека Марко Јариќ беше во брак со манекенката Адријана Лима, српскиот спортист на сметка имал преку 40 милиони долари.
Во тоа време си дозволил вила во Калифорнија, а по разводот уште една, а не е тајна дека поседува неколку имоти на Менхетен – меѓу кои и пентхаус.
Пред извесно време тој наводно купил куќа во Дорчол која целосно ја променил и реновирал, а дека сето горенаведено треба да се земе со резерва сведочат последните податоци кои доаѓаат директно од Америка каде Јариќ живее и работи со години.
Потврда на „LinkedIn“
Наводно, тој се вработил во американска компанија што ја водат луѓе од нашите простори и ќе работи за месечна плата, пренесува „Стори“.
Сè е потврдено на „LinkedIn“: Марко ќе биде потпретседател за развој на бизнисот и шеф на Одделението за забава и спорт.
„Возбудени сме што можеме да му посакаме добредојде на Марко Јариќ во нашиот тим како шеф на Одделението за забава и спорт. Со динамичното резиме како претприемач и ветеран на НБА, каде што помина девет сезони, плус четири години во Евролигата, тој носи богато искуство и енергија во нашата организација“, се вели во описот.
Не молчи ниту познатиот кошаркар.
„Подгответе се за возбудливите потфати кои претстојат“, стои во официјалното соопштение, кое Јариќ го потврди со додавање ново работно место на својот профил на „LinkedIn“.
Сите се прашуваат дали одлуката да се вработи е само уште еден „хир“ или богатството на Марко Јариќ со текот на годините „испарувало“, па тој бил принуден да се вработи.
„Платата нема да биде мала“
Оние кои подобро разбираат што ќе работи Јариќ на новото работно место, тврдат дека сериозно ќе заработува како советник. Од друга страна, тоа е ризична професија која лесно може да го доведе во проблеми со клиентите доколку советот е несоодветен.
Во секој случај, му посакуваме сè најдобро во неговите нови деловни потфати!