Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) стана мајка по трет пат, а ова е нејзиното прво дете со партнерот Хоаким Валенте.
Според магазинот ТМЗ, извор близок до парот потврдил дека мајката и бебето се добро. Иако бебето веќе пристигна, полот и името сè уште не им се познати на јавноста.
Имено, во текот на целата бременост Жизел и Хоаким одлучиле дека не сакаат да го дознаат полот на детето.
Жизел има две деца од претходниот брак со поранешниот американски фудбалер Том Брејди: синот Бенџамин (14) и ќерката Вивијан (11), а парот се разведе во 2022 година по 13 години брак.
Манекенката и нејзиниот сегашен партнер, џиу-џицу тренерот Хоаким Валенте, првпат беа фотографирани заедно во ноември 2022 година во Костарика, а гласините за нивната врска почнаа да се шират на почетокот од 2023 година, кога повторно беа фотографирани заедно на одмор.
Долго време се шпекулираше дека Жизел е во врска, но во февруари 2024 година, извори блиски до парот открија дека тие всушност биле заедно од јуни 2023 година.