Шведската полиција не ги коментира медиумските извештаи за жртви во нападот во училиштето

Макфакс

04/02/2025

17:31

352

Големина на фонт

а а а

Во шведските медиуми се појавија бројни извештаи дека неколку лица се убиени во пукање во училиштето.

Според некои тамошни медиуми, повредени се 15 лица, а има и смртно застрелани.

Сепак, портпаролот на шведската полиција изјави дека не може да коментира дали има жртви.

На прес-конференцијата беше потврдено дека најмалку пет лица се повредени и пренесени во итната медицинска помош.

Медиумите објавија и дека за нападот во училиштето е осомничен 35-годишен маж, но и ова засега не е официјално потврдено.

Пукањето се случило во училиште за образование за возрасни во Оребро, 200 километри западно од Стокхолм. Нападот се случил околу 13 часот, а властите ги повикуваат жителите да се држат подалеку од училиштето.

Објавено беше видео од нападот.