Дувњак за ракометната сцена која ги воодушеви фановите: Тоа беше и малку тажен момент

Дерби

04/02/2025

13:22

597

Големина на фонт

а а а

Хрватска се врати со сребро од Осло и успеа да придодаде уште еден медал во совјата богата ракометна витрина, па иако постои и разочарување после поразот од Данска, општ заклучок е дека „коцкестите“ оставија навистина одличен впечаток на Светското првенство.

Данска беше преголем залак за амбициозните избраници на Дагур Сигурдсон кои во финалето загубија со 32:26, но иако го освоија второто место, Хрватите вчера во Загреб беа пречекани како да освоиле злато.

Овој турнир беше последен репрезентативен собир за големи легенди како Домагој Дувњак и Игор Карачиќ, со тоа што овој првиот успеа да се одјави и со гол во завршните секунди.

Такво нешто му дозволија коректните Данци кои буквално го пуштија Дуле да се запише во листата на стрелците, момент кој за Дувњак сепак донел измешани емоции.

– Најголема благодарност до селекторот Сигурдсон кој ми дозволи да бидам дел од уште едно финале. После тоа, благодарност до данските играчи кои ми дозволија лесно да постигнам гол. Голем респект за нив и тоа што го направија. Сепак, тоа за мене истовремено беше прекрасен, но и тажен момент. Тоа беше мојот последен гол во дресот на Хрватска, благодарен сум за што направив и што доживеав во овие две децении, – изјави Дувњак.