НБА возбудувањата се вратија во поголема мера по неверојатниот трејд кој го режираа Далас и ЛА Лејкерс, па настапите на голем број тимови направија за момент да се заборави на Лука Дончиќ и неговата бомбастична преселба во Калифорнија.
Рано утрово се одиграа голем број натпревари во најсилната кошаркарска лига во светот, а новата рунда ни донесе ново доминатно издание од Никола Јокиќ.
Српскиот кошаркар го запиша 23-от трипл-дабл од стартот на сезоната и продолжи да доминира во НБА лигата, овојпат против играчите на Њу Орлеанс.
Денвер влезе во победнички ритам и го запиша третиот триумф во низа со резултат 125:113, а покрај разиграниот Јокиќ, извонреден беше и Портер.
Никола го заврши мечот со 27 поени, 14 скокови и 10 асистенции, додека Портер беше најефикасен во победничкиот тим со 36 поени.
НБА резултати:
Шарлот – Вашингтон 114:124
Детроит – Атланта 130:132
Њујорк – Хјустон 124:118
Мемфис – Сан Антонио 128:109
Минесота – Сакраменто 114:116
Оклахома – Милвоки 125:96
Денвер – Њу Орлеанс 125:113
Јута – Индијана 111:112
Голден Стејт – Орландо 104:99
Портланд – Феникс 121:119 (продолжение)