Бојкотот на маркетите во Црна Гора го намалил прометот за 56 отсто

Макфакс

03/02/2025

20:54

221

Големина на фонт

а а а

Поради бојкотот на маркетите во Црна Гора во петокот, на 31 јануари, петте најголеми трговски синџири во земјата забележаа пад на прометот од 56,14 отсто во однос на претходниот петок, соопшти денеска Црногорската даночна управа.

Најголем пад е забележан во северниот регион, каде купувањето е намалено за 61,4 отсто е соопштено.

Во централниот регион е забележан пад на прометот за 57,89 отсто, додека на југот на касата имало 52,20 отсто помалку пари.

Прометот во споменатите трговски ланци во петокот на 24 јануари беше 2.790.909 евра, додека за време на бојкотот беше 1.224.172 евра.

Од Алтернатива за Црна Гора најавија дека доколку бојкотот се покаже како успешен, блокадите ќе бидат подолги.

Во Црна Гора граѓаните ги бојкотираа големите трговски ланци поради енормно високите цени на основните прехранбени производи. Големите трговски синџири не се изјаснија за ова прашање. Организации, синдикати, па дури и премиерот Милојко Спајиќ повикаа на бојкот по примерот на акцијата во Хрватска.

Ден пред бојкотот, владата одлучи да ја продолжи кампањата „Ограничени цени“, која подразбира ограничување на маржите на одредени производи. Опфаќа некои основни прехранбени производи.

Оваа кампања трае од март минатата година, а вклучува 73 видови производи.

„Многу производи што ги увезуваме од Србија се поевтини овде отколку во Србија токму поради оваа кампања. На пример. Кај нас меленото говедско месо чини 7,49 евра, во Србија 9,61 евро, а во Хрватска 11,10 евра“, вели Ѓељошај.

Во Црна Гора инфлацијата од 2021 до 2024 година изнесува 30,5 отсто, додека цените на храната се зголемени за дури 41 отсто, покажуваат податоците на Заводот за статистика.

Бојкот на маркетите во петокот имаше и во Македонија.