Пензионер од Германија (76) предизвикал пожар во воз кога на плин се обидел да си направи кафе, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил во неделата, во воз меѓу северните германски градови Хамбург и Кил.
На својот куфер ставил плинско, кое набрзо се запалило и почнало да чади.
Патниците ја повлекле итната сопирачка и ја известиле федералната полиција за инцидентот, а еден сопатник со помош на противпожарен апарат вешто успеал да го изгасне пламенот.
По пристигнувањето на возот на станицата Нојминстер, човекот го пречекал полицијата. Поради здобиените повреди со возило на Брзата помош веднаш бил пренесен во болница.
Против него е покрената кривична постапка за материјална штета и подметнување пожар од небрежност, соопшти локалната полиција.