Mицотакис испрати порака до жителите на Санторини по серијата земјотреси – над 200 само во последните 48 часа

Точка

03/02/2025

19:31

222

Големина на фонт

а а а

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги повика жителите на островот Санторини да останат смирени и да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита.

Во врска со зголемената сеизмичка активност што се случува во островскиот регион, тој рече дека властите „управуваат со интензивниот феномен“, пренесува „Прототема“.

„Мораме да управуваме со многу интензивен геолошки феномен. Побарав од ресорното министерство да изготви научен преглед на феноменот во следните неколку дена за сите да знаат со што се соочуваме“, рече тој.

Во изминатите 48 часа околу островот се регистрирани повеќе од 200 земјотреси, а зголемената сеизмичка активност предизвика загриженост кај властите и научниците.