Кристијано Роналдо постави уште еден рекорд, ја забележа 700.победа во клупската кариера.
Португалецот за Ал Наср на 94 меча постигна 85 гола. Неговиот тим, вчера, го победи Ал Раед со 2:1. Роналдо во победата учествуваше со гол и асистенција.
Според шпанскиот весник „Марка“, Роналдо стана првиот фудбалер во историјата кој стигнал до неверојатни 700 победи на официјални клупски натпревари.
Ова не е единствениот рекорд за Роналдо. Тој веќе ја надмина магичната граница од 900 голови во кариерата, нешто што никој пред него не успеал да го постигне.