На западот на Франција денеска е прогласен црвен аларм откога бурата Хермини, која донесе обилни врнежи, предизвика поплави во Рен невидени во последните 40 години.
Црвениот аларм се однесува на департманот Ил-ет-Вилен и неговиот центар Рен низ кој минуваат две реки. Ситуацијата може да се влоши во текот на денот. Општината отвори неколку спортски сали за луѓето што немаат засолниште. Вчера попладне, според пожарникарите, превентивно биле евакуирани речиси 400 лица.
🔴 Deux tempêtes successives et de fortes pluies sur l'ouest du pays ont eu pour conséquences des inondations en Bretagne, notamment en Ille-et-Vilaine.
— Le20h-France Télévisions (@le20hfrancetele) January 27, 2025
▶️ #JT20H pic.twitter.com/qY3tOpW0zq
„За жал, врвот на водниот бран сè уште не е пристигнат“, објави синоќа градоначалничката на Рен, Натали Апере, додавајќи дека нивото на водата полека ќе се намалува, а веројатно не пред среда.
Портокалова тревога е прогласена и во други департмани на западот на земјата, а портокалова тревога е прогласена и на крајниот запад на Бретања поради заканата од високи бранови. Кризата вчера ја предизвика бурата Хермини, која пристигна по исклучително моќната бура Еовин, која го погоди Обединетото Кралство.
Северозападна Франција беше погодена од обилни врнежи и налети на ветер, а земјата веќе беше заситена со вода. Вчера невремето предизвика проблеми во возниот сообраќај во Бретања и Нормандија.