Видео од протестите во Германија стана вирално на „X“. Имено, во Франкфурт луѓето биле собрани, а за време на 15-минутниот молк за жртвите во Нови Сад, извесна жена поминала на велосипед токму покрај демонстрантите. Гласно викала „Да живее Вучиќ“ додека се обидувала да ја прекине тишината, а само по неколку метри паднала од велосипедот.
Многу луѓе почнале да ракоплескаат и да се смеат, а жената потоа станала и продолжила понатаму. „Кармата деновиве работи со полна брзина“, „Падна сама, сама се уби“, „Па ова е хитот на денот“, се само дел од коментарите.
Baba na biciklu narušila 15 minutnu ćutnju uzvikom "Živeo Vučić" i nakon 20 metara se strovalila.
— Željko Kisa (@ZeljkoKisa) January 26, 2025
Fb: https://t.co/A7JfU1CnKw pic.twitter.com/Dbatgh9dUj
Во Белград започна 24-часовна блокада
За потсетување, студентите кои повеќе од два месеци блокираат околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во 10 часот започнаа 24-часовна блокада на Автокоманда - еден од најважните прометни улици во Белград
Да потсетиме, блокадата на Автокоманда следи по генералниот штрајк кој во петокот се одржа во Србија. Во протестните прошетки учествуваа студенти и други граѓани. На штрајкот се приклучија и медиуми, бројни синдикати, наставници, професори, лекари, адвокати, средношколци, земјоделци...
Напладне, студенти, ученици и граѓани се сретнале и се поврзале на договорените дестинации во многу градови низ Србија. Во штрајкот учествувале и кина, книжарници, издавачки куќи, ресторани, ноќни клубови...