Илјадници раселени Палестинци утринава почнаа да се враќаат во северниот дел на Појасот Газа, изјави претставник на Министерството за внатрешни работи на Хамас.
„Раселените Палестинци почнаа да минуваат низ западниот дел на контролниот пункт Нецарим кон градот Газа и северниот дел на Појасот Газа“, изјави за AFP неименуван палестински функционер.
Голем број Палестинци се собраа за време на викендот, чекајќи да поминат низ седумкилометарскиот контролен пункт контролиран од Израел кој го отсекува северниот дел на Појасот Газа од останатата територија.
Израел ги спречи Палестинците да минуваат откако Хамас не ослободи заложник, а потоа беше постигнат договор.