Мицкоски: Празнувањето на Свети Сава 18 години во Македонија значи меѓусебно почитување и доверба помеѓу српскиот и македонскиот народ

Макфакс

27/01/2025

09:32

328

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до сите припадници на српската заедница кои живеат во државата и им го честитам празникот Свети Сава.

„Празникот Свети Сава се празнува 18 години во Македонија, откако со измените на законот за празници на 8 февруари 2007 година е прогласен за национален празник на Србите во Македонија.

И ова го покажува меѓусебното почитување и доверба, како и добрата соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ.


Вашиот придонес во општествениот и јавен живот покажува дека заедно, обединети, во заедништво и преку почитување на различностите, културите и традициите можеме да ја трансформираме Македонија напред, а за граѓаните обезбедиме подобра и посигурна иднина.

Македонија мора да се гради и да има економски напредок, а тоа го можеме само доколку сме сплотени.

Затоа цврсто сум убеден дека градењето на соживот, толеранција и пријателство ќе биде еден од вредностите кои ќе бидат нашата водилка за остварување на нашите цели.

Почитувани пријатели од српскатa заедница, Ви посакувам убав празничен ден исполнет со радост. Нека е честит големиот празник Свети Сава!“, порача Мицкоски.