Голем пожар избувна во раните утрински часови во општинската зграда на 12-от арондисман во Париз, а локалните медиуми објавија дека се стравува дека дел од покривната конструкција и кулата со јавниот часовник на зградата, изградена во средината на -19 век, ќе пропадне.
Пожарникарите биле повикани околу 3 часот по полноќ кога биле известени за пожарот, јавува весникот „Фигаро“. Во извештајот се наведува дека пожарот се заканувал да ја уништи саат-кулата на општинската зграда, изградена во 1876 година. За среќа, околу 6 часот утринава пожарот е ставен под контрола.
Incendie mairie du 12 ème Paris⬇️@mtwit75 pic.twitter.com/id9rnPOA0b
— #ruedetrevise (@12janvier2019) January 27, 2025
Полицијата го блокираше просторот околу зградата на општината, а според локалните медиуми, околу 7:30 часот веќе немало видливи пламени јазици, но опожарени делови сè уште паѓале на земја.
Пожарникарите велат дека засега нема опасност од уривање на кулата.