Новак Ѓоковиќ не криеше дека ќе го поддржува Александер Зверев во финалето на Аустралијан Опен, а откако исходот од истото донесе разочарување за Германецот, Србинот е еден од првите кои решија да му се обратат преку социјалните мрежи.
Како добар и близок пријател на Саша, Ѓоковиќ отворено говореше дека ќе навива за Зверев во големото финале во Мелбурн, но наместо прва грен слем титула во кариерата, Германецот доживеа трет пораз во финалињата.
Овој беше убедливо најубедлив од сите досегашни бидејќи не освои ниту еден сет, па откако беше тешен од самиот Синер, сега порака доби и од Ноле.
– Саша, продолжи да веруваш пријателе, го имаш тоа во себе!, – му порача Ѓоковиќ, кој потоа посвети и кратка порака до победникот.
– Честитки Синер, – гласи посветата за старо-новиот шампион во Австралија.