Унгарскиот премиер Виктор Обран денеска изјави дека Унгарија бара од Европската унија да ја убеди Украина да продолжи со транзитот на гас од Русија во Европа.
Орбан, исто така, изјави за унгарското државно радио дека Унгарија мора да го отфрли миграцискиот пакт на Европската унија, бидејќи тој претставува „смртоносна закана“ за земјата, пренесе МТИ.
Тој посочи и дека договорот за миграција, кој го поддржаа опозициските партии, претставува и терористичка закана.
Во врска со повеќекратните закани за бомби упатени вчера до унгарските училишта, премиерот рече дека заканите треба да се сфатат сериозно, како и дека унгарското Министерство за внатрешни работи ги истражува заканите, пренесува Танјуг.
Зборувајќи за американскиот претседател Доналд Трамп, Орбан рече дека Унгарија повеќе не е изолирана, туку се вратила во мејнстримот на историјата.
„Доналд Трамп ги презема токму истите мерки што ние веќе ги презедовме и поради кои левицата и Брисел континуирано се обидуваа да ја изолираат Унгарија“, рече Орбан.
Тој рече дека сега, кога Трамп ги презеде овие мерки, „со сигурност може да се каже дека Унгарија, која се обидоа да ја изолираат и да ја турнат на една страна, повеќе не е на страна“.